Бившиот на Рита Ора: Дуа Липа се појави со 14 години постариот дечко на Кански филмски фестивал

Фото: Patricia DE MELO MOREIRA / AFP / Profimedia

Пејачката Дуа Липа (27) уште во март ја потврди врската со поранешното момче на пејачката Рита Ора (31), филмскиот режисер Ромен Гаврас (41). Синоќа двојката го направи своето прво јавно појавување на 76. издание на Канскиот филмски фестивал. Тие разменија нежности на црвениот тепих на проекцијата на филмот „The King of Algiers“.

Дуа Липа воодушеви во елегантен фустан од „Селин“, од француската дизајнерка Хеди Слиман, со вкрстени прерамки на грбот и длабок шлиц. Косата ѝ беше средена во елегантна пунџа, а шминката ѝ беше минималистичка. Целиот изглед го комплетираше со пар висечки обетки.

Режисерот изгледаше многу префинето во својот класичен црн костум и целото внимание ѝ го посвети на Липа. Вљубената двојка се држеше за раце кога пристигнаа на премиерата, а за време на фотографирањето Гаврас нежно ја стави раката на половината на својата партнерка.

Фото: SGP / ddp USA / Profimedia

„Дуа и Ромен се состануваат неколку месеци, далеку од очите на јавноста. Тие уживаат да поминуваат време заедно. Тие се запознаа за време на празничната сезона и имаат многу заеднички нешта“, изјави неодамна извор близок до парот за „Сан“.

„Дуа разбира колку е важно да се најде партнер кој ја разбира нејзината работа. Таа чувствува дека Ромен целосно ја разбира. Двајцата се навистина креативни луѓе“, додаде истиот извор.

Пред ова дебитантско појавување во јавноста, двојката неодамна беше забележана и на забавата на наградите БАФТА во Лондон, Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот