Државниот инспекторат откри медицински отпад фрлен во контејнери од Синлаб

При вонреден инспекциски надзор по пријава на граѓани Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 20 и 21 овој месец во два наврати евидентирале поголеми количини на медицински отпад одложен во контејнери наменети за комунален отпад во сопственост на ЈП Комунална хигиена поставени на булеварот „Македонија”, во непосредна близина на ПЗУ „Синлаб”.

– Наведената состојба е констатирана на записник согласно законските надлежности кои произлегуваат од Законот за управување со отпад и во текот на утрешниот ден тој ќе биде доставен до правниот субјект кој го прекршил законот, информираат од ДСЗИ и Инспекторатот на град Скопје.

За наведеното инспекторатите располагаат и со дополнителен доказен материјал.

Со цел спречување на поголем инцидент, се наведува во соопштението, повикана е фирма лиценцирана  за управување со медицински отпад од страна на која медицинскиот отпад од комуналните контејнери е адекватно отстранет, а по налог на Државниот санитарен и здравствен инспектор, контејнерите се дезинфицирани.

Прочитајте и...  Богојески од Крушево: Очекувам сите крушевчани без разлика на нивната политичка припадност да гласаат за Македонски концепт

– Во врска со констатираната фактичка состојба од страна на инспекторатите во текот на утрешниот ден ќе продолжат соодветни инспекциски постапки согласно законските надлежности – се наведува во соопштението.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Инспекторатот на градот Скопје, апелираат до граѓаните доколку забележат одлагање на медицински отпад во контејнери за комунален, да ги известат овие две институции со цел заштита на здравјето на населението.

Прочитај повеќе

СЗО ги прекинува испитувањата: Хидроксихлорокин не ја намалува смртноста од коронавирусот

Партиите продолжуваат да ги презентираат изборните понуди на средби со граѓани

МИА агенција

СЗО: Рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени – Нови 212.326 случаи на коронавирус

Слободен печат

Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.611, Чаир со најмногу заразени

Слободен печат

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат