Урнатата куќа на Владо Малески во Струга / Фото: strugaonline.mk

Друштвото на писателите бара итно да се санира урнатата куќа на Владо Малески во Струга

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина, соопшти писателската Асоцијација.

„Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата благосостојба се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на културно наследство и Комисијата за управување со Охридскиот Регион. Со оглед на тоа што една од основните заложби на ДПМ е грижата за книжевното и културното наследство што ја негува колективната културна меморија и го афирмира ликот и делото на неговите основачи, воедно и втемелувачи на современата македонска државност и култура, Управниот одбор на Друштвото бара од надлежните институции координирано да овозможат да се преземат сите неопходни мерки за што поскора санација на настанатата штета и враќање на спомен куќата на Владо Малески во Струга во нејзината првобитна состојба. Советниците, директорите, градоначалниците и функционерите се менуваат, но Друштвото на писателите на Македонија останува тука, и ќе продолжи да го следи текот на развојот на овој настан, и во никој случај нема да дозволи оваа небрежност и предмет да залута по бирократски лавиринти и ќорсокаци, туку ќе продолжи да инсистира на преземање на сите неопходни мерки сè додека не се дојде до конечна позитивна разрешница“, пишува во реакцијата.

ФОТО/ВИДЕО: Во Струга ја урнале куќата на Владо Малески, авторот на македонската химна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот