Дрејк го купил прстенот на Тупак Шакур вреден 1 милион долари
Дрејк го прослави објавувањето на песната „Meltdown“ на Инстаграм со интересна фотографија. На фотографијата објавена како Инстаграм стори се гледа прстенот од злато, дијаманти и рубини на Тупак Шакур кој се продаваше на неодамнешната аукција во „Сотби“ во Њујорк.
Препорачано
Тупак го носел скапоцениот прстен за време на последното јавно појавување на видео-музичките награди „ВМА“ (VMA) во 1996 година.
Прстенот беше продаден на хип-хоп аукцијата на „Сотби“ за 1,02 милиони долари, тројно од неговата проценка од 300.000 долари. Според аукциската куќа, прстенот е единствениот хип-хоп артефакт што е продаден за повеќе од 1 милион долари на аукција.
Иако идентитетот на купувачот не беше откриен веднаш по продажбата, Дрејк го покажа прстенот на својот Инстаграм профил. „Сотби“ ја потврди веста преку соопштение за медиумите кон крајот на јули.
„Овој уникатен прстен беше прецизно дизајниран од Тупак и е еден од последните производи на неговата безгранична креативна енергија – уникатен артефакт од периодот што сведочи за неговото трајно влијание врз хип хопот и глобалната современа култура“, изјави раководителката на одделот за наука и популарна култура на „Сотби“, Касандра Хатон.
„Воодушевени сме што ова исклучително дело влезе во ново поглавје во рацете на уште еден легендарен уметник.


