Дрецун: Се плашам дека нема да има деескалација на Косово, Курти не го менува своето однесување

Претседателот на собраниската Комисија за Косово и Метохија, Милован Дрецун, истакна дека се плаши дека поради однесувањето на косовскиот премиер Албин Курти нема да има решение за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, пренесува Пинк.

Некои од своите цели ги реализираат чекор по чекор, а крајната цел е да им оневозможат на Србите да преживеат таму и да извршат етничко чистење“, рече Дрецун.

Тој додаде дека Курти сигурно нема да го спроведе ЗСО.

„Тоа што ја смирија ситуацијата во моментов не значи дека нема да има тензија. Секогаш може без основа да обвини и уапси Србин, а се со цел заплашување“, рече Дрецун.

Тој посочи дека кога станува збор за деескалација, Приштина веќе избегнува одржување нови избори на северот на Косово.

„Не работат на ЗСО, се прекинува изградбата на бројни згради, се носат решенија за мостот на реката Ибар и слично. Се покренуваат лажни обвиненија, се подготвува терен за понатамошна ескалација“, рече Дрецун.

Тој нагласи дека е направен политички маневар.

„Наводно повлекле некои полицајци, а потоа Бислими прашува зошто ЕУ не ги повлече санкциите. Мислам дека веднаш треба да се претстави секвенционен план според кој ќе се исполни договорот“, рече Дрецун.

Според него, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јасно го кажал ставот на Белград и нема да го промени, додека, додава, Приштина прашањето за Косово го смета за завршена работа, што, како што наведува, е апсурдно.

Тие на ЗСО гледаат во согласност со уставот на Косово, а не според бриселскиот договор“, заклучи Дрецун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот