Драстично ни се намалени шансите, Полска заслужено на ЕП (ВИДЕО)

фото/фејсбук/ффм

Во осмиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, вечерва на гостински терен македонската најдобра репрезентација загуби со 2:0 од селекцијата на Полска.

Со овие три бода Полјаците и дефинитивно обезбедија настап на континенталниот собир, денеска пред 50.000 илјади гледачи со головите на Франковски во 74 и Милик во 80 минута, Левандовски двапати асистент, славеа против нашата селекција.

https://twitter.com/OwskiMateusz/status/1183478694729408513

Полска воглавно го диктираше темпото, со поголема контрола на топката, повеќе шанси, триумфот можеше да биде уште повисок, доколку не погодеа една пречка во првото, и една статива во текот на второто полувреме.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски многу тешко доаѓаа и воопшто да го загрозат голот на Шчесни. Една убава шанса имаше Алиоски од слободен удар, испрати еден „проектил“, но одлично одбрани полскиот чувар на мрежата.

Во групата „Г“ сега ни се драстично намалени шансите за ЕП 2020, особено што во Љубљана, Австрија славеше со 0:1 кај Словенија.

Сега во нашата група Полска води со 19 бодови, Австрија има 16 и е на чекор од учество на ЕП, а само математички сеуште имаат шанса Македонија и Словенија да се борат за второто место, моментно имаат по 11.

Во последните две кола, на 16 ноември Австрија ќе ја пречека Македонија во Виена, а на 19 ноември нашата селекција е домаќин на Израел, а Австрија гостува кај Летонија.

Значи, Македонија ќе мора да оди на две победи, а Австрија прво загуби од нас, а потоа и од Летонците. Секако зборуваме за шансите преку овие редовни квалификации, а да не заборавиме имаме уште една шанса, можеби и пореалната, преку „Лигата на нации“ каде што ни се потребни уште две победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот