Норвешката принцеза Мете-Марит / Фото: Profimedia

Здравјето на норвешката принцеза Мете-Марит се влошува, може да ѝ требаат нови бели дробови

Голема загриженост владее во Норвешка за престолонаследничката Мете-Марит (52), чие здравје во последните денови е значително влошено. Ова го потврди и норвешкиот кралски двор во ново соопштение, најавувајќи измени во нејзиниот распоред.

По долг период без официјални информации, сега пристигна ажурирање, нејзината состојба драстично се влошила, а веќе се прават подготовки за можна трансплантација на бели дробови.

Портпаролка на норвешкиот двор ја потврди информацијата за новинската агенција ДПА, додавајќи дека престолонаследничката најверојатно нема да присуствува на државната посета на белгиското кралско семејство во Норвешка следната недела.

Фото The royal house of Norway
Норвешката принцеза Мете-Марит / Фото: The Royal House of Norway

Сопругата на престолонаследникот Хакан боледува од ретка и тешка хронична белодробна болест. Уште во декември од дворецот информираа дека нејзината состојба се влошува, поради што во блиска иднина ќе ѝ бидат потребни нови бели дробови.

Мете-Марит во 2018 година јавно откри дека боледува од ретка форма на пулмонална фиброза, болест која предизвикува создавање лузни на белодробното ткиво и доведува до отежнато дишење.

Според норвешките медиуми, од 2001 година наваму таа отсуствувала од само три државни посети. Покрај здравствените проблеми, врз неа дополнително влијаат и контроверзиите поврзани со нејзиното пријателство со Џефри Епстин, како и судскиот процес за силување во кој е вклучен нејзиниот најстар син, Мариус Борг Хоиби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот