Драма во Грција: Морската струја однела четиригодишно девојче во длабокото, тоа заледено од шок ја довикувала мајка си (ВИДЕО)

Силната морска струја однесе денеска девојче (4) кое се бањало на плажа во градот Антирио, во западна Грција. Додека спасувачите втрчале во водата, детето веќе било на 100 метри од плажата.

Мајката го ставила девојчето на душек во облик на еднорог, а додека таа на кратко го тргнала погледот, душекот бил зафатен од силни струи кои го однеле девојчето кон длабоко. Во моментот кога девојчето почнало да вика по мајка си, таа била на десетици метри далеку, а мајката за тоа време панично ја барала во водата.

Додека спасувачите втрчале во водата, душекот и детето веќе биле на околу стотина метри од брегот.

Девојчето било заледено од шок

За среќа, тие веднаш го повикале пристаништето за да се издаде предупредување за крајбрежната стража и бродови да започнат потрага по детето. Преплашеното девојче кое викало, а потоа занемело од шок било здогледано од патници на траект на околу 500 метри од брегот. За среќа траектот не се движел брзо бидејќи се приближувал на пристаништето.

– Се приближувавме на пристаништето, кога преку радио пристигна повик за помош. Ни јавија дека струјата однела дете во длабокото. Не ни знаев дека станува збор за толку мало дете, рекол Григорис Карнезис, капетанот на траектот кој го извлече девојчето од водата.

Όταν η ανεμελιά μπορεί να καταλήξει σε τραγωδία…Συγχαρητήρια στον καπετάνιο και το πλήρωμα του πλοίου Σαλαμινομάχου για τις ενέργειες που απέφεραν την θετική κατάληξη.Η ανάρτηση του βίντεο δεν έχει σκοπό να επιρριψει ευθύνες, αλλά να καταδείξει την επικινδυνότητα των θαλάσσιων παιχνιδιών που κατά κόρον χρησιμοποιούμε όλοι.

Publiée par Petros Kritsonis sur Lundi 24 août 2020

Тој веднаш одлучил да започне потрага со траектот, а за среќа, патниците веќе го здогледале детето. Следела многу опасна акција на спасување, бидејќи девојчето пловело на душек во облик на еднорог, кој од малку поголем бран би можел да биде превртен. Сепак капетанот успеал да се приближи со траектот и без последици да го извлече девојчето од вода.

– Девојчето беше заледено од страв. Гледав како да и се приближам, бидејќи струјата беше многу силна. Секој момент можеше да влета под траектот, раскажува Григорис.

Девојчето почнало да писка кога здогледало траект кој и се приближува.

– Дали се уплаши или тоа беше начин да повика помош, не знам. Но врискаше колку што ја држеше грло. Откако ја извлековме од вода почнавме да ја галиме и да се шегуваме за да ја смириме. Среќа што детето е неповредено, не можам да замислам што можеше да се случи, раскажува капетанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот