Фото: Raheem Sterling/Instagram

Драма во домот на Стерлинг: Фудбалерот со нож бркал крадци

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг минатата сабота доживеал вистинска драма во својот дом, откако вторпат за краток период во неговата куќа влегле е крадци.

Како што објавија британските медиуми. Наводно, токму во моментот кога Стерлинг и неговото семејство се подготвувале да го проследат натпреварот меѓу неговиот Челси и Вулверхемптон во Премиерлигата слушнале чудни звуци од влезната врата.

Случајот го потвдиле и од лондонската полиција.

 „Можеме да потврдиме дека Рахим Стерлинг беше жртва на грабеж во сопствениот дом овој викенд. Тој и неговите деца биле присутни во куќата во моментот на инцидентот.“

Британските медиуми јавуваат дека Стерлинг храбро им се спротивставил на крадците земајќи кујнски нож со кој успеал да ги избрка од домот пред да направат штета или да одземат нешто вредно.

„Иако станува збор за сериозно нарушување на приватноста и безбедноста, можеме со олеснување да потврдиме дека Рахим и неговите најблиски се безбедни. Ги замолуваме сите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период,“ додаваат од полицијата.

Од Челзи соопштија дека се целосно запознаени со немилиот настан и дека му пружаат поддршка на 30-годишниот фудбалер, неговата долгогодишна партнерка и нивните четири деца.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот