Драма на летот од Загреб: Куче го оштетило авионот на „Кроација ерлајнс“, морале да го откажат летот
Несекојдневен инцидент се случил на 30 септември. На редовниот лет на Кроација ерлајнс ОУ486 од Загреб за Стокхолм, куче го оштетило просторот за багаж на Ербас А319 (рег. 9A-ЦТЛ), пренесува „АвиоРадар“.
Препорачано
Како што наведуваат, кучето согласно регулативата се наоѓало во багажниот простор, а набрзо по качувањето се ослободило од својот кафез. Во текот на полетувањето, екипажот слушнал бучава и трчање на куче во багажниот простор, па авионот бил вратен, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион. По увидот на штетата предизвикана од кучето во багажниот простор, превозникот одлучил авионот превентивно да го повлече од употреба и да го упати на технички преглед за да се заменат оштетените делови.
– Во тек е утврдувањето на деталите и околностите. Засега може да се потврди дека компанијата во подготовката на превозот на кучето на летот ОУ486 Загреб – Стокхолм ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот. Поради одредени оштетувања во багажниот простор на авионот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се повлече од сообраќајот и да се испрати на технички преглед, а патниците од наведениот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со нашиот заменски авион – соопштиле „Кроација ерлајнс“.


