Драма кај „Борис Трајковски“: Нехар турс не се плаши од коронавирусот, ги убедува луѓето да тргнат за Црна Гора (ФОТО)

фото: илустрација

Турата е предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но не и Нехар турс својата тура.

Вистинска драма вечерва се случува на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје. Патниците кои уплатиле за четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора, преку туристичката агенција Нехар турс, влегоа во жесток дуел со сопственикот на агенцијата и со неговиот син.

Иако дошле подготвени со торби, патниците сепак, не сакаат да го реализираат патувањето. Сопственикот на туристичката агенција ги убедува дека треба да се качат во автобусите и да го реализираат своето туритичко патување со Херцег Нови. На паркингот има два автобуси на Нехар турс кои, и покрај препораките на Владата да бидат откажани сите туристички патувања поради коронавирусот, сепак се подготвени да тргнат на пат.

Нашата соговорничка чие име е познато на редакцијата Слободен печат вели дека таа е една од неколкуте патници која навреме го информирала сопственкот на Нехар турс дека не сака да оди на пат за Црна Гора и побарала да ѝ биде вратена уплатата за туристичкото патување. Таа, на сопственикот на агенцијата му приложила потврда дека е медицинско лице кое според владинте мерки не треба да ја напушти државата и побарала да ѝ бидат вратени парите уплатени за патувањето. Од сопственикот на Нехар турс добила одговор дека можат да и бидат вратени само 10 проценти од уплатените средства.

Дел од патниците се откажаа од патот, но сепак екипата на Слободен печат забележува засега дека има по околу 15-тина најхрабри кои Нехар ги убеди да се качат во автобусите бидејќи не сака да им ги врати партите. Засега автобусите доцнат за половина час од предвиденото време во кое требаше да тргнат на пат за Херцег Нови. Турата е предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но не и Нехар турс својата тура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот