Драгана од Скопје е новата личност со која го поврзуваат Пике

Фото: Инстаграм

По раскинувањето на Жерар Пике и Шакира поради наводното неверство на фудбалерот, медиумите не престануваат да пишуваат за „потенцијални“ девојки кои ја уништија долгогодишната врска на двојката. Една од нив, а последна во центарот на вниманието е Драгана Спасовска од Скопје.

За еден од нив објавија и медиумите од Бугарија, а судејќи по нив, станува збор за старлетата Драгана која моментално живее во Пловдив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana)

Тие почнаа да ја поврзуваат со шпанскиот фудбалер по нивната заедничка фотографија која е направена минатата година во Дубаи, а под која се коментарите на обожавателите на кои оваа сцена не им се допаѓа.

Драгана се огласи, и иако потврди дека го познава фудбалерот, реши да ги задржи деталите за себе.

„Секако дека го познавам Пике. Имаме и заеднички фотографии. Тоа е нешто што не можам да го негирам, но не можам да зборувам за сите други детали, за сето она што кружи деновиве, сега“, изјави таа за бугарските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Spasovska (@spasovskadragana)

Таа додаде дека „приказната за нив е многу актуелна во Бугарија“, но дека во моментов тоа не би го „потврдила ниту демантирала“.

Сè уште не се знае дали има нешто повеќе меѓу неа и Пике или пак Драгана ја користи целата ситуација за својата промоција.

Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

Шпанците тврдат дека Пике има нова девојка, нив ги претстави неговиот соиграч од Барселона
Шакира, која има и два сина Саша и Милан од 10-годишната врска со Пике, со официјално соопштение потврди дека таа и фудбалерот се разделуваат.

„Жал ни е што ја потврдуваме нашата разделба. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот