Шакира и Пике се разделуваат: Фудбалерот ја изневерил и се иселил од дома?

Жерар Пике
Фото: EPA/ANDREU DALMAU

Како што пишуваат шпанските медиуми, се чини дека фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира решиле да стават крај на 12-годишната врска.

Гласините за наводните проблеми во нивната врска се појавија неодамна кога се рашири веста дека славниот фудбалер се иселил од семејната куќа и се преселил во својот стан во Барселона, Шпанија каде што живеел пред да ја запознае Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Според „Ел Периодико“, неколку соседи во зградата го виделе Пике како влегува и излегува од станот неколку пати во текот на изминатата недела, а тој наводно бил виден и на забава со неговиот пријател, фудбалерот Рики Пуиг и други пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LoveStyleMag (@lovestylemagbg)

Истиот медиум тврди и дека колумбиската пејачка го „фатила“ фудбалерот во кревет со друга жена, а очигледно не можела да го преболи тоа.

Поради наводното неверство донеле одлука за развод, што изгледа не влијаело премногу на фудбалерот. Засега ниту пејачката ниту фудбалерот не ги коментирале во јавност гласините за наводната разделба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T A B U (@tabuhighlife)

Да потсетиме, Шакира и Пике се запознале за време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а набргу потоа започнале љубовна врска која никогаш не ја крунисаа со брак. Двојката има две деца заедно, деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот