Драгана Костова ќе го води второлигашот Росоман

фото: фејсбук/фк росоман 83

Денеска новиот второлигашки фудбалски клуб Росоман објави дека ќе има нов тренер во следната сезона.

Драгана Костова со национална „А“ лиценца и официјално е шеф на стручниот штаб и ќе се обиде со тимот да се бори за позициите кои водат во Првата лига.

Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе! – информираат од ФК Росоман 83.

Има настапи за најдобрата женска фудбалска репрезентација, а на клупски план беше дел од екипите на Тиквешанка, Наше Такси и Драгон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот