Драган Мијалковски во младоста / Фото: Фејсбук/ВБУ воскресение

Драган Мијалковски: „Пораснав во Дом за деца без родители во Загреб“

Малкумина знаат дека Драган Мијалковски дел од своето детство го поминал во Дом за деца без родители во Загреб.

Легендарниот пејач, кој работеше со познати хуманитарни организации како Црвениот крст, во една прилика раскажа за тешкото детство, а текстот е објавен на порталот „Текст“.

„Јас во моето детство случајно сум бил штитеник во Дом за деца без родители во Загреб. Не дека немав родители, но тие беа разведени, па не можеа да ме чуваат. Мајка ми се вратила во Скопје во 1952 година, а татко ми останал во Хрватска на служба, а судот ме доделил нему, кога сум имал две години. И тогаш тој ме дал во еден дом за деца без родители во Загреб, дом што го посетувала и Мајка Тереза.

Подоцна, кога се отвори музејот, а и дојдов до некои монографии, прочитав дека навистина сум бил таму. А дома имам една дописна картичка од милосрдните сестри кои мајка ми ги прашува за мене, а тие ѝ одговараат на хрватски јазик: ‘Вашиот син Драган повеќе не е кај нас, Министерството за здравство на Хрватска го даде на посвојување во едно семејство’. Тоа го прочитал таткото на мајка ми, кој има работено во суд, и викнал: ‘Што е ова, има ли закон, па барем да нè прашаат нас?’

Познати наши судии и правници му објасниле дека по сојузен закон мора мајката да се праша, иако судот одлучил да бидам кај таткото. Се качуваат во воз заедно со мајка ми, навредени од постапката, и одат кај министерот и му велат: ‘Ние не излегуваме од канцеларија, овде ќе јадеме, пиеме и спиеме додека не го донесете Драган’.

Три дена поминале, ме носат назад и потоа моите ме земаат и ме носат во Скопје“, раскажа Мијалковски во интервјуто на новинарката Валентина Ѓоргиевска – Парго, авторка на монографијата „30 години МЕЃАШИ“.

Воден од своето искуство, Мијалковски им помагаше и на децата од „Меѓаши“.

Деновиве на социјалните мрежи се појави една ретка, носталгична фотографија која потсети на златните денови на македонската забавна музика. На насловната страница на некогашниот магазин „Екран“ е токму легендарниот пејач Драган Мијалковски, придружуван од неговите соработнички.

Фотографијата, насловена едноставно како „Драган Мијалковски со придружничките“, е вистински сведок за естетиката на едно поинакво време. Со препознатливиот црн костум и лептир-машна, Мијалковски уште еднаш потврдува зошто важеше за еден од најголемите џентлмени на југословенската и на македонската естрада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот