„Доста ми е од чекање улоги“: Познатиот холивудски актер почна да работи како доставувач за Амазон
Актерот Џон Кристијан Лав, најпознат по улогата на Ернест „Ерни“ во популарната серија „Подобро јавете му се на Сал“ (Better Call Saul), сега работи како доставувач за Амазон. Овој 35-годишник ја откри својата неочекувана промена во кариерата минатиот месец преку објава на Редит, во група наменета за вработени во Амазон
Препорачано
Со објавата ги изненади фановите
„Само да знаете, актерот кој ви го донесе ликот на Ернест, односно Ерни, во серијата ’Подобро јавете му се на Сал‘ сега е со вас и доставува пакети!“, напиша Лав. Со објавата сподели и селфи во униформа на Амазон, направено во комбе полно со пакети.
За новата работа немаше многу пофални зборови.
„Ужасно е“, додаде тој. „Но одам достава по достава. Со среќа на сите“.
Delivering Smiles & Autographs
by
u/thatonetv-filmlover in
AmazonDSPDrivers
„Не беше пресвртница каква што се надевав“
На прашање од еден корисник дали улогата во серијата не била доволна за да ја продолжи актерската кариера, Лав објасни зошто привремено се повлекол од Холивуд.
„Не се откажав од глумата, само моментално имам голема пауза“, одговори тој, додавајќи дека хит-серијата „не била пресвртница каква што се надевал“.
Лав откри и дека „снимил важен филм“ со Лили Гледстоун и Брајан Кренстон, но продукцијата останала без пари, а тој „никогаш не бил платен“.
Кренстон уште во јули изјавил дека нема да го снима ниту да го промовира филмот „додека и последниот член од актерската и филмската екипа не биде целосно исплатен“.
„Ова навистина ме убива“
Лав во објавата на Редит неколкупати нагласил колку е незадоволен од работата во Амазон.
„Доста ми е од чекање некој да ми даде шанса, па ќе почнам да работам на сопствени проекти. Сепак, морам да работам и нешто друго покрај тоа бидејќи ова навистина ме убива“, напиша тој.
Лав во серијата „Подобро јавете му се на Сал“, која се емитуваше шест сезони од 2015 до 2022 година, го играше Ернест – пријател на главниот лик Џими Мекгил, кого го толкуваше Боб Оденкирк. Овој претходник на серијата „Брејкинг Бед“ освои дури 53 номинации за наградата Еми, но ниту еднаш не ја доби статуетката.


