Дортмунд пукна „стотка“, потпиша и Јулијан Бранд

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Од претходно знаеме дека Торган Азар е новиот „милионер“ на Вестфален, денеска беше промовирано уште едно засилување.

Многу порано од предвиденото спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк ќе го заврши „шопингот“. Нов играч е Јулијан Бранд кој за 25 милиони евра доаѓа од редовите на Баер Леверкузен.

Бранд потпиша договор кој ќе трае до 30 јуни 2024 година, за својот досегашен клуб имаше учинок од 165 одиграни натпревари и 34 голови.

По 30 милиони евра за левиот бек Шулц од Хофенхајм и напаѓачот Азар од Борусија Менхенгладбах, ако на тоа додадеме и дека од 1 јули на сила стапува откупот на Пако Алкасер од Барселона за 21 милион евра, јасно е дека Борусија ова лето веќе потроши над 100 милиони евра на нови играчи.

После Пулишиќ кој направи трансфер во Челзи, се очекува во текот на летниот период Дортмунд да го напуштат и Макс Филип, Џереми Толјан, Марсел Шмелцер, Омер Топрак, Андре Ширле, Шинџи Кагава, Себастијан Роде и Џениз Бурниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот