EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Дортмунд го претстави Азар

Торган Азар и официјално е нов играч на германскиот бундеслигаш, Борусија Дортмунд.
Белгискиот репрезентативец кој минатата сезона настапуваше за Борусија Менхенгладбах, стана „милионер“ за сума од 25.5 милиони евра.

Тој е второ засилување за Борусија Дортмунд за наредната сезона откако дефанзивецот Нико Шулц стигна од Хофенхајм за 25 милиони евра.

Помладиот брат на ѕвездата на Челси, Еден Азар, потпиша петгодишен договор со германскиот вицешамипион. Тој имаше одлична сезона во Менхенгладбах постигнувајќи 10 голови и имаше 10 асистенции.

Во летниот преоден рок се очекува и ангажман на уште една ѕвезда на Бундес лигата, Јулијан Бранд од Баер Леверкузен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот