Доривал Жуниор е новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација
Ништо не се случи од доаѓањето на Карло Анчелоти, веќе поранешен е Фернандо Диниз, фудбалската репрезентација на Бразил има нов селектор, а се вика Доривал Жуниор.
Препорачано
Иако имаше понуда да го води Сао Паоло, искусниот стручњак потпиша договор да биде селектор на националниот тим до Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Фабрицио Романо.
Го предводеше Фламенго до освојување на Копа Либертадорес во 2022 година, а се очекува да дебитира на пријателските натпревари против Англија и Шпанија во март.
Поранешниот дефанзивен играч за врска на клупата на петкратниот светски шампион ќе има за задача да го врати Бразил на правиот пат откако запиша три порази и реми во последните четири натпревари од квалификациите за СП 2026 година.
Во текот на својата тренерска кариера, Доривал Жуниор, освен Сао Паоло и Фламенго, беше и на клупата на Атлетико Минеиро, Атлетико Паранаенсе, Интернасионал, Васко де Гама, Флуминенсе и Палмеирас.
??? Dorival Júnior signs in as new Brazil head coach on contract valid until 2026 World Cup.
Despite São Paulo proposal to sign new deal, he decided to accept the Seleçao job. pic.twitter.com/CCWat6Q6Fo
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 8, 2024


