Љупче Дориев/ФФМ

Дориев: Треба да гледаме напред со кренати глави, ова е почеток на нешто ново

Фудбалската репрезентација на Македонија по поразот од Данска во Копенхаген ги продолжи подготовките за натпреварот со Ирска кој е закажан за во вторник во Даблин.

Пред овој дуел зборуваше напаѓачот Љупче Дориев кој истакна дека првиот гол кој Македонија го прими на самиот почеток од вториот дел во Копенхаген бил клучен за поразот.

„Мислам дека одигравме многу добро прво полувреме против Данска, но потоа се случи еден брз и неочекуван гол. Тоа беше на самиот почеток на второто полувреме и малку нè дестабилизираше. Се виде дека влеговме во шок и кратка деконцентрација, што противникот го искористи. Станува збор за квалитетна репрезентација, но од наша страна продолжуваме понатаму.

Верува дека времето ќе донесе и подобри резултати.

Нè очекува натпревар со Ирска и треба да гледаме напред, со кренати глави и со атмосфера на највисоко ниво. Верувам дека нè очекуваат добри натпревари. Ова е само почеток. Натпреварот со Данска беше прв со нов селектор, со нова визија и пристап. Имаме квалитет, само треба да го склопиме во целина“, изјави Дориев.

Натпреварот против Ирска го играме во терминот од 20:45 часот.

Македонија во изменет состав против Ирска: Трајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот