Александар Трајковски/ФФМ

Македонија во изменет состав против Ирска: Трајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов

Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува гостување кај Ирска, натпревар кој нема поголема резултатска тежина, но ќе биде можност за поправка на впечатокот по поразот во Копенхаген, а за овој дуел ќе има промени во составот.

Селекторот Седлоски нема да може да смета на неколку стандардни имиња, Александар Трајковски, Бојан Миовски и Јани Атанасов ќе го пропуштат дуелот. Во меѓувреме, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, Коњаспор и кинески Далиан, официјално побарале нивно ослободување од репрезентативните обврски, но двајцата фудбалери решиле да останат со националниот тим и ќе бидат во конкуренција за настап.

Миовски не бил задоволен од дадената минутажа и го прифатил повикот на Ренџерс да се врати на клупските обврски, Атанасов е повреден, додека селекторот Седлоски посебно ја истакна ситуацијата со Трајковски.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.

Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.

Натпреварот против Ирска во Даблин ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот