Фото: instagram.com/pfc_sogdiana

Дориев даде два гола за половина час, но Согдиана загуби

Повратникот во македонската репрезентација, Љупче Дориев, постигна два гола за узбекистанскиот прволигаш Согдиана, но неговиот тим на крајот загуби на домашен терен во прсметката со Бунјодкор (2-3).

Македонецот стрелаше уште во 4. минута, а во 26. минута повторно реагираше одлично и на својата екипа ѝ донесе водство со 2-0. Тоа сепак, не беше доволно за освојување на трите бода. Гостите намалија до крајот на првото полувреме, а во вториот дел направија целосен пресврт за победа. Херој за Бунјодкор беше Тошмирзаев, кој ги постигна сите три гола.

Дориев со ова стигна до пет гола во осум натпревари сезонава во Суперлигата на Узбекистан. Неговиот тим остана на пет бодови по осум рунди и е на претпоследното место на табелата.

Македонија во изменет состав против Ирска: Трајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот