Џанлуиџи Донарума/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Донарума пред нов предизвик – Манчестер, Лондон или Минхен?

Италијанецот разгледува елитни понуди откако реши да ја напушти француската престолнина.

Џанлуиџи Донарума е на излезна врата од Пари Сен Жермен, клуб со кој освои сè што можеше на домашна сцена. Разговорите за продолжување на договорот не донесоа резултат, бидејќи раководството не беше подготвено да му понуди услови што тој ги бара. Со договор кој истекува во 2026, а желбата на клубот да не го загуби без обештетување, раскинот ова лето е сè пореален.

Потсетување: Донарума пристигна бесплатно во ПСЖ во 2021 година, во “галактичкиот” бран заедно со Лионел Меси, Серхио Рамос и Жоржино Вајналдум.

Сега, Италијанецот внимателно ги разгледува сите опции – а тие не се малку. Според најновите информации, покрај Манчестер јунајтед и Манчестер сити, во игра се и Баерн Минхен и Челси.

Во Минхен, ситуацијата е јасна – Мануел Нојер потпиша продолжување, но следната година ќе наполни 40. Донарума се смета за идеален наследник, па Баерн сериозно ја анализира оваа можност.

Во Лондон, Челси одамна трага по врвен голман. Неуспешниот обид да се доведе Мајк Мањан на почетокот на летото ги натера „сините“ да бараат алтернативи. Иако Роберт Санчез блескаше на Светското првенство за клубови, Челси гледа голема можност доколку Донарума е достапен по „намалена“ цена.

ПСЖ веќе има план Б – Лука Шевалје од Лил е целта, а за неговиот потпис се подготвени да платат најмалку 40 милиони евра.

Се споменува и Галатасарај, но извесно е дека Донарума нема да прифати понуда од Турција кога на маса има понуди од врвни европски гиганти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот