Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи името на Билјана Беличанец

Фото: Рубенс Муратовски/Фејсбук

На Домот на културата во општина Кисела Вода отсега ќе го носи името на актерката и поранешна градоначалничка на општината, Билјана Беличанец, која почина во 2019 година.

Веста на својот фејсбук-профил ја објави актерот Рубенс Муратовски.

„Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша Муратовски.

Билјана Беличанец во својата кариера реализираше бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. На градоначалничката позиција во општина Кисела Вода беше во периодот од 2013 до 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот