ДОМ апелира да не се усвои Дупот во Расадник, каде треба да никнат 100 згради

Фото: МИА

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

-Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от- наведуваат во соопштението од партијата.

Дополнителен проблем, велат оттаму, би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

Оттаму, укажуваат и на обврската за почитување на одредбите од Законот за урбано зеленило, за заштита на зеленилото и обезбедување најмалку 20% зеленило на градежна парцела.

Имајќи го предвид ургентниот проблем со аерозагадувањето и климатските промени, ДОМ предлага наместо градежна, зелена експанзија во Расадник. Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот