Долгата коса е минато: Парис Хилтон направи драстична промена на изгледот

Instagram
Instagram

Парис Хилтон е ѕвезда на новата кампања на „Lanvin“, во која ги претставува актуелните креации на познатата модна куќа.

Славната наследничка на синџирот хотели позната по своите кратки фустани и луксузната тантела овој пат ги замени со малку помирен изглед, па во новата кампања изгледа поелегантно, а притоа ја промени и фризурата.

Пролетни креации, со акцент на металик изглед, Париз притоа се претстави и со малку поинаква фризура која совршено и прилега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LANVIN (@lanvinofficial)

Познатата русокоса преферира гламурозен изглед со години, а креациите што ги носи претежно откриваат дел од нејзината кожа, а тука е и вечниот сјај на сребрени и златни материјали.

Покрај желбата за сјај и светкави материли во гардероберот на Париз, „nude“ фустаните имаат посебно место, особено кога станува збор за премиери и специјални настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот