Докузовски нов тренер на косовскиот Пеќ

Марин Докузовски фото: КФСМ

Марин Докузовски се враќа на тренерската функција откако се договори до крајот на сезоната да седи на клупата на косовскиот прволигаш Пеќ.

Последен ангажман на Докузовски кој најголемиот успех го постигна во 2011 година како селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија кога на ЕП во Литванија го освои четвртото место, беше минатата сезона кога беше дел од стручниот штаб на Работнички.

Ова воедно ќе биде трет интернационален ангажман по работата во бугарскиот Лукоил и Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот