Доколку не внимаваме, ЕП може да заврши уште пред да започне

Данците стравуваат од нови позитивни случаи на коронавирус/ фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Селекторот на ракометната репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, вели дека само еден позитивен на коронавирус може да предизвика хаос и да ги уништи амбициите на данската репрезентација на Европското првенство о Унгарија и Словачка кое започнува за осум дена.

– Сите сме внимателни кога станува збор за коронавирусот бидејќи е многу заразен. Доволно е да се зарази едно лице и ЕП да заврши уште пред да започне – изјави Јакобсен.

Голманот на Магдебург, Јаник Грин, е позитивен на коронавирус, но селекторот Јакобсен засега нема намера да повика дополнителна замена иако е свесен дека нема да може да смета на одличниот голман за првата фаза од ЕП.
– Засега нема да повикам замена, имаме двајца голмани. Не сакам сега да повикувам голман кој извесен период не поминал со нас на подготовките – вели Јакобсен.

Данска е дел од групата А на ЕП во која сè уште и Македонија, Словенија и Црна Гора.

Короната не им прави проблеми само на Данците, денеска е потврдено дека уште четворица српски репрезентативци се позитивни.
Ракометната федерација на Србија објави дека на последната рунда тестирања, позитивни се Стеван Сретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек и Немања Зеленовиќ. Вчера пак позитивни беа Владимир Цупара, Богдан Радивојевиќ како и селекторот Тони Џерона и тренерот на голманите Димитрије Пејановиќ и физиотерапевтот и шефот на делегацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот