Доколку играше Најдоски немаше да има драма против Баерн 

twitter/EBFootball

Љупко Петровиќ кој ја предводеше Црвена звезда до европската титула во 1991 година вели дека три од четирите полувремиња против Баерн се најдобрите на шампионската генерација.

Да трчаме како Германци, да играме до последната секунда како Германци и на крајот да дадеме еден гол повеќе од Германците. Тоа беа трите работи поради кои мојата екипа во 1991 година го победи Баерн Минхен и се пласира во финалето на Купот на европските шампиони. Имавме неверојатно талентирана генерација – вели тренерот кој ја однесе Црвена зевзда до европската титула.

Според Петровиќ воопшто немало да има никаква неизвесност и драма во реванш натпреварот против Баерн кој се играше токму на денешен ден 1991 година на тогашната „Маракана“ во Белград, доколку во тимот беше и столбот на одбраната, легендата на македонскиот фудбал, Илија Најдоски.

Дури 29 години тврдам дека немаше да има никаква драма доколку Илија настапеше на тој натпревар. Најдоски имаше два жолти картони и натпреварот мораше да го следи од трибините, но јас сум убеден дека Баерн немаше да ни даде гол доколку Илија беше на теренот.

Во фудбалот, исто како и во животот одлучуваат детали кои некогаш се невидливи. Ние имавме стоперски тандем Белодедиќ-Најдоски, а немавме трет стопер и тоа за малку ќе ни се одбиеше од глава бидејќи пропуштивме да купиме стопер во зимскиот преоден рок. Колку Илија значеше за нашата одбрана и за играта најдобро покажа финалето – тврди Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот