Доколку е екстрадиран во САД, Асанж може да се самоубие, тврди неговиот адвокат

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

 Адвокатот на Џулијан Асанж предупреди на ризикот од самоубиство на основачот на Викиликс доколку тој биде екстрадиран во САД, и покрај уверувањата на Вашингтон дека нема да биде задржан во строги затворски услови.  

На 50-годишниот Австралиец му се заканува 175 години затвор во САД, каде што се гони поради објавување на стотици илјади доверливи документи. На вториот ден од проучувањето на жалбата на САД пред Високиот суд во Лондон, неговите адвокати истакнаа дека новите аргументи на никаков начин не ја оправдуваат промената на првостепената одлука за негова екстрадиција, пишува Ројтерс.  

САД, обидувајќи се да ги разубедат лондонските судии, во средата го оспорија тврдењето за можно самоубиство на Асанж. Тие истакнаа дека Џулијан Асанж нема да биде затворен во злогласниот затвор АДХ Флоренс во Колорадо познат како „Алкатраз во карпестите планини“, каде членовите на Ал Каеда се притворени во речиси целосна изолација. 

САД се надеваат дека одлуката ќе биде поништена 

САД се надеваат дека одлуката на судијката Ванеса Барајсер ќе биде поништена, која одби екстрадиција на осудениот поради високиот ризик од самоубиство и можноста за влошување на менталната состојба на Асанж во американскиот правосуден систем.  

Барајсер во образложението на својата одлука потсети дека САД не биле во можност да го спречат самоубиството на американскиот финансиер Џефри Епстејн, обвинет за поткуп на малолетници. 

 „Овие заклучоци првенствено произлегуваат од природата на менталната вознемиреност на Асанж и неговиот страв од екстрадиција со оглед на специфичноста на неговиот случај“, рече адвокатот Едвард Физџералд.  

„Нема индикации дека овие фактори ќе се променат поради американските уверувања“, рече тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот