Доколку биде екстрадиран во САД, Асанж ќе ја отслужува казната во најозогласениот затвор (ВИДЕО)

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж кој се бори против барањето за екстрадиција во САД, најверојатно ќе биде испратен во сојузниот затвор Супермакс во Фиренца, Колорадо, изјави поранешната управничка на Казнено-поправниот центар Метрополитен во Њујорк, Морин Беирд.

Таа пред лондонскиот суд додаде дека Асанж најверојатно ќе се соочи со најтешки затворски услови кои САД може да ги наметне, услови кои доведуваат до низа ментални проблеми, вклучително анксиозност и параноја.

– Од моето искуство, речиси тридецениска работа во сојузните затвори, би се согласила дека долготрајната изолација би можела да има сериозни негативни ефекти по менталното здравје на затвореникот, истакна Беирд.

Таа додаде дека Асанж ако биде екстрадиран во САД тој ќе биде под посебни административни мерки, според кои затворениците цел ден се затворени во своите келии без контакти со другите осуденици и малку контакти со надворешниот свет.

Беирд наведе дека Асанж најверојатно ќе биде во затворот Фиренца во Колорадо, освен ако сериозно не се влоши неговото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот