Док Риверс експресно си најде нова работа, ќе биде тренер на Филалдефија

epa08657869 Los Angeles Clippers head coach Doc Rivers looks on during the first half of the NBA basketball semi final Western Conference playoff game four between the Los Angeles Clippers and the Denver Nuggets at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 09 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Американските медиуми тврдат дека Риверс ќе биде новиот тренер на Филаделфија сиксерс со која ќе потпише петгодишен договор.

Док Риверс по седумгодишна работа во Лос Анџелес клиперс, Док Риверс се враќа во Источната конференција.

Поранешниот тренер на Орландо меџик, Бостон селтикс и на ЛА клиперс, во новата сезона ќе биде тренер на Филаделфија сиксерс објавија американските медиуми.

Двете страни многу брзо се договорија за соработка по што Риверс само три по отказот од Клиперс си најде нова работа.

Тој од Клиперси доби отказ откако екипата доживеа елиминација од Денвер нагетс во плеј-офот иако неговиот тим водеше со 3:1 во победи.

Од друга страна, Филаделфија исто така разочара во плеј-офот, испаднаа уште во првата рунда иако беа еден од фаворитите за пласман во големото НБА финале, по што цехот за неуспехот го плати тренерот Брет Браун.

Риверс во новиот тим ќе смета на НБА ѕвездите Џоел Ембид и Бен Симонс, а исто така повторно ќе работи со Тобајас Херис на кого му беше тренер во ЛА клиперс.


Другите кандидати за клупата на Филалдефија беа Мајк Дантони кој доби отказ во Хјустон и Тајрон Лу, но откако Риверс стана слободен на пазарот, челниците на сиксерси експресно се договорија со тренерот кој во 2008 година триумфира во НБА лигата во Бостон селтикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот