Договор за закуп на земјиште со турската компанија „Пурпласт”

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за закуп на градежно земјиште со турската компанија „Пурпласт“.

На настанот ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски.

Турската компанија „Пурпласт” е основана во 1980 година и произведува пластични делови за автомобилската индустрија, меѓу кои и за Мерцедес, БМВ, Форд, Волво, МАН и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот