Договор од соништата: Дрејмонд Грин од 100 милиони долари

twitter.com/offclockpodcast

„Воините“ го почестија Дрејмонд Грин со нов договор кој го прави како еден од најплатените играчи во НБА лигата.

Грин со Голден стејт договори нова четиригодишна соработка и ќе инкасира фантастични 100 милиони долари.

Крилниот центар во наредните четири години ќе заработува по сезона, 22,2 милиони, 24 милиони, 25,8 милиони и 27,6 милиони долари.

Можно е и да ја заврши својата кариера токму во овој клуб, да потсетиме ова лето си замина Кевинд Дурент кој потпиша за Бруклин, а пристигне Дианџело Расел токму од Нетси.

Да додадеме уште дека екипата на Стив Кер ќе ја започне сезоната без Клеј Томпсон кого го чека долга пауза поради повреда на предните вкрстени лигаменти во финалната плејоф дуел против Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот