Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANTON VAGANOV / POOL

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон, не знае дали ќе има време да оди

Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под кои беше со години поради сепаратистичките потези во БиХ.

Во интервју за белградскиот весник „Политика“, Додик потврди дека добил покана да присуствува на молитвениот појадок, но не е сигурен дали ќе патува поради повторените избори што ќе се одржат  за претседател на Република Српска закажани за 8 февруари, додека посета на Вашингтон е планирана за 7 и 8 февруари.

Како претседател на партијата имам обврска да бидам таму, да ја организирам структурата  која треба да  гласа. Ќе видиме, ако има простор за заминување, ќе заминам, рече Додик.

Тој додаде дека го поддржувал сегашниот претседател Трамп во двата мандати и дека тоа не поминало незабележено.

Американската администрација воведе санкции против Додик во 2017 година поради неговите постапки, кои се сметаа за закана за стабилноста на Босна и Херцеговина и кршење на Дејтонскиот мировен договор. Сепак, на крајот на октомври минатата година, американските власти го отстранија Додик од списокот на санкционирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот