Кевин Гарнет/EPA/TANNEN MAURY

Дочека: Минесота конечно ќе го повлече дресот на легендарниот Кевин Гарнет

Од редовите на Минесота конечно одлучија да му оддадат заслужена почит на својата легенда Кевин Гарнет, најавувајќи дека бројот 21 ќе биде повлечен од употреба почнувајќи од следната сезона.

Клубот потврди дека Гарнет ќе се врати во Таргет Центар на 12 април, каде ќе добие емотивен пречек од навивачите на последниот натпревар од сезоната. Во текот на сезоната 2026/27, неговиот дрес ќе биде изложен во арената.

Ова доаѓа по значајна промена во односите меѓу Гарнет и франшизата. Новите сопственици, Марк Лор и Алекс Родригез, веќе ја најавија неговата нова улога како амбасадор на клубот, ставајќи крај на долгогодишната дистанца која постоеше во времето на поранешниот сопственик Глен Тејлор, кој претходно одбиваше да го повлече неговиот број.

„Едвај чекам да се вратам дома. Разликата сега е очигледна, новата енергија, визијата и амбицијата се нешто што веднаш се чувствува. Тимот има глад за успех и се гради нешто што ќе трае,“ порача Гарнет, испраќајќи јасна порака до навивачите: времињата се менуваат, а Минесота повторно гледа напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот