Добро работење во 2018 година, предлог за дивиденда од 2,50 евра

Надзорниот одбор на заваровалница „Триглав“ на седницата одржана на 28.3.2019 година го потврди ревидираниот годишен извештај на групацијата „Триглав“ и на матичното друштво за 2018 година.

Работењето на групацијата „Триглав“ беше во согласност со стратешките насоки, достигна 97,5 милиони евра пред оданочување (индекс 115) и зголемување на рентабилноста на капиталот на 10,8% (во 2017 година изнесуваше 9,3 проценти). Управата и надзорниот одбор ќе му предложат на собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција, што претставува 70,3 проценти од консолидираната нето добивка за 2018 година. „Триглав осигурување“ Скопје, дел од групацијата „Триглав“, во 2018 година ја потврди својата лидерска позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување со пораст на премијата од 8,3%.

Раст на премијата на Групацијата на сите пазари и осигурителни сегменти. Резултатите на групацијата „Триглав“ за 2018 година се добри и ги надминуваат планираните, што е пред сè последица на големиот раст на премијата од осигурување, на поволниот штетен резултат и на одредени единствени настани, пред сè во последното тримесечје од 2018 година. Бруто полисираната премија од осигурување во износ од 1.068 милиони евра е за 7% повисока од онаа во 2017 година, а Групацијата достигна раст во сите сегменти на осигурувањето на сите пазари. Комбинираниот количник на Групацијата изнесуваше 91,8%. Приходите од инвестиции – без приходите од осигурениците на животно осигурување, кои преземаат инвестициски ризик – беа за 29% пониски од 2017 година, што е последица на континуираната состојба на ниски каматни стапки на финансиските пазари.

Финансиска стабилност и предлог за дивиденда. Групацијата има висок кредитен рејтинг „A“. Тој го потврдува нејзиното профитабилно работење, водечката регионална пазарна позиција и систематското спроведување на бројни стратешки активности во правец на развој и раст на групацијата „Триглав“. Групацијата е финансиски стабилна, што ѝ го обезбедува и нејзината мошне конзервативна и стабилна реосигурителна заштита и рационалното управување со резервите. Во согласност со оценките, адекватноста на капиталот на крајот на 2018 година се движеше во целниот распон, одреден со политиката за управување со капитал на Групацијата, според методологијата Солвентност II. Претседателот на Управата на заваровалница „Триглав“, Андреј Слапар: Предложената дивиденда е во согласност со нашата политика за дивиденди, којашто е одржлива, а истовремено и атрактивна. Со нејзе на урамнотежен начин обезбедуваме долгорочна финансиска стабилност на Групацијата, овозможуваме нејзин развој и раст, а истовремено исплаќаме привлечни дивиденди на акционерите“. Во согласност со финансискиот календар, предвиден е датум на заседавање на редовното собрание на осигурителното друштво „Триглав“, кое ќе одлучува за поделбата на билансната добивка, 28.5.2019 г.

Промени во Управата на осигурителното друштво. Надзорниот одбор се согласи со предлогот на претседателот на Управата и го именуваше Давид Бенедек за член на Управата на заваровалница „Триглав“ за мандатен период од пет години. За вршење на функцијата член на Управата на заваровалница „Триглав“ потребно е да се добие дозвола од Агенцијата за контрола на осигурувањето. Давид Бенедек дипломираше на Економскиот факултет во Љубљана (1997), а на „Indiana University, Kelly School of Business“ во САД заврши магистерски студии (2000). Има богати меѓународни искуства во областа на секторот осигурување и банкарство, во кој од 2001 година работи на водечки работни места. Моментално ја извршува функцијата полномошник на Управата на заваровалница „Триглав“, а во Управата ќе биде надлежен за управување и развој на зависните друштва во согласност со стратешките цели на Групацијата. Ние сме водечка регионална осигурителна финансиска групација, која спојува 40 друштва во 6 држави од нашиот регион. Нивното ефикасно управување, развојот и растот се од клучно значење за постигнување на нашите стратешки цели. Верувам дека новиот член на Управата со своето стручно знаење и долгогодишно искуство дополнително ќе придонесе кон тоа“, рече Андреј Слапар, претседател на Управата на заваровалница „Триглав“.

Активности на раст и развој на групацијата „Триглав“. Во согласност со стратешките цели, Групацијата во 2018 година, покрај органски раст на обемот на работа, продолжи и со активности на ширење, како во дејноста на осигурувањето, така и во управувањето со имот. Во 2018 година потпишан е договор за купување на хрватското друштво за пензиско осигурување „Raiffeisen Mirovinsko osiguravajuće društvo“ и на словенечкото друштво за управување со „ALTA“ фондот, а го докупи и уделот за 100% сопственост на словенечкото друштво „Skupna pokojninska družba“. Со активностите за раст продолжува и оваа година. Заваровалница „Триглав“ основаше друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови „Триглав пензиско друштво“ АД, Скопје, со кое влегува на македонскиот пазар на пензиски осигурувања и на тој начин станува едно од трите друштва на пазарот.

Групацијата „Триглав“, водечка регионална осигурително-финансиска групација, веќе е активна на македонскиот пазар, како во областа на имотните, така и на животните осигурувања и на целокупниот македонски пазар на осигурување зазема водечка позиција, со пазарен удел од 14,5%. Во согласност со својата стратегија, го проширува работењето во сегментот на дополнителни пензиски осигурувања, кој во поглед на демографските движења го оценува како перспективен. Македонскиот пензиски систем го сочинуваат три столба, првиот опфаќа задолжително пензиско штедење со кое што управува државниот фонд, а останатите два столба вклучуваат дополнително задолжително и дополнително доброволно пензиско штедење. Со својот влез во сегментите на дополнително задолжително и дополнително доброволно пензиско штедење групацијата „Триглав“ ја приближува понудата на првокласна услуга на клиентите на македонскиот пазар.

Групацијата „Триглав“ на македонскиот пазар. Триглав „Осигурување“ Скопје во 2018 година во доменот на неживотното осигурување оствари бруто полисирана премија во износ од 23,1 милиони евра, што претставува пораст за 8,3% во споредба со 2017 година. Со овој резултат компанијата постигна удел од 17,3% и со тоа ја утврди својата лидерска позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. Растот на премијата е резултат на одличните достигнувања во доменот на доброволното здравствено осигурување, каде што компанијата оствари раст на премијата од 65% во споредба со претходната година. За овој резултат придонесе и порастот на бруто полисираната премија во доменот на осигурувањето на имот од 27%.

Во 2018 година фокусот на „Триглав осигурување“ беше на клиентот и на неговите потреби, како една од најважните насоки на стратегијата на групацијата „Триглав“. Тоа го потврдуваат активностите што ги спроведовме минатата година, а кои се резултат на утврдените потреби на нашите клиенти, како што е надградбата на производот доброволно здравствено осигурување, како и на пакетот Триглав комплет +, кој нуди и до 40% попуст и ги опфаќа најважните аспекти од животот. Воведовме и новини, како што е онлајн обнова на „AO“ полиси, како и нови производи, како што е осигурување на гуми. Сакајќи да придонесеме кон позитивни промени за луѓето и за животната средина, обезбедивме „City tree“ за општина Аеродром, што го прочистува воздухот и го намалува загадувањето, третирајќи на тој начин еден од најактуелните проблеми на нашата заедница. Потврда за квалитетот со кој работиме и за стандардите за работењето што ги поставивме е и сертификатот ISO 9001, кој компанијата го доби кон крајот на 2018 година, а кој потврдува дека „Триглав осигурување“ има воспоставен и адекватно одржуван систем за управување со квалитет, кој ги исполнува предусловите на стандардот“, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на „Триглав осигурување“, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав осигурување – Живот во својата прва деловна година на пазарот понуди осигурување на живот со штедење, дополнително осигурување од незгода и осигурување од смрт за кредитни корисници. Покрај фокусот на развој на понудата, компанијата активно работеше и на своето етаблирање на пазарот, како и на едукација на јавноста за предностите што ги носи осигурувањето на живот, што секако резултираше со зголемен интерес на јавноста за овој вид осигурување.

Дигитален годишен извештај. „Одиме далеку за да ви бидеме блиску“ е извештај на годишниот извештај на групацијата „Триглав“ и на заваровалница „Триглав“ за 2018 година и претставува резиме на успешното работење и остварување на стратегијата. Во фокусот се клиентите и динамичното развивање на нови начини на работа, со профитабилно и безбедно работење. Интерактивниот и интегриран годишен извештај повторно донесува сеопфатен преглед на финансиските и нефинансиските показатели на работењето. Претставени се во однос на глобалните цели на одржлив развој на Обединетите нации и го следат меѓународниот стандард „GRI GS“, кој групацијата „Триглав“ го презеде меѓу првите во Словенија и во него веќе ги воведе последните новини во областа на известувањето за друштвените влијанија. Извештајот е објавен на словенечки и на англиски јазик, а на корисниците им овозможува и интерактивен приказ на финансиските показатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот