Добил 10 милиони долари облог, откако го погодил редоследот на сите 12 учесника на позната коњска трка
Неверојатно среќниот добитник мислел дека некој се шегува со него кога дознал дека е успешен во својата прогноза
Веројатно најсреќниот обложувач во историјата на коњските трки е побогат за 10 милиони новозеландски долари, откако чудесно го предвидел редоследот на пласманот на сите 12 коњи на трката „Еверест“ во Австралија. Обложувачот бил од Нов Зеланд. Наградата одговара на околу 5.600.000 евра.
Препорачано
Шансите да се предвиди ваков редослед на пласманот се речиси 500 милиони спрема еден.
Обложувачот, кој одлучи да остане анонимен, рече дека мислел оти некој се шегува со него, кога го добил повикот од обложувалницата откаде му соопштиле дека добил огромна премија.
– Искрено, не можев да верувам дека освоив толку пари. Навистина мислев дека некој се шегува кога првпат ми заѕвонија. Прво го затворив телефонот па ја повикав обложувалницата и се уверив дека е вистина. Редоследот го погодив сосема случајно – вели добитникот.
Овој случај во медиумите е наречен „еден од најголемите подвизи во историјата на коњските трки“.


