До крајот на годината, Франција ќе донира околу 30 милиони дози вакцини против коронавирусот во Ковакс

Емануел Макрон
Емануел Макрон /Фото: ЕПА

До крајот на годината, Франција ќе донира околу 30 милиони дози вакцини против коронавирусот од различни производители на механизмот Ковакс, изјави денеска претседателот на таа држава Емануел Макрон.

„Ние немаме право да чуваме вакцини додека има недостиг во некои земји. Не е убаво да се започне со вакцинирање деца, а во некои земји не започна за постари и поранливи возрасни групи”, рече Макрон во видео обраќање до Самитот за здравство на Групата од 20 земји во развој, што се одржува во Рим.

Макрон доаде дека Франција, како дел од европската иницијатива, „ќе донира најмалку 30 милиони дози различни вакцини” до крајот на годината, како дел од мултилатерализмот во вакцинацијата.

Механизмот Ковакс е воспоставен од Светската здравствена организација така што вакцините да бидат рамномерно распоредени во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот