До есен продолжена вонредната состојба во Унгарија

epa08815088 Police officers control the traffic in downtown Budapest during the curfew of the state of emergency as part of the containment measures of Covid-19 in Budapest, Hungary, 11 November 2020 (issued 12 November 2020). The restrictions include a curfew between 8 p.m and 5 a.m. further the closure of restaurants, bars as well as recreational and cultural facilities, among them gyms. EPA-EFE/Zoltan Mathe HUNGARY OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека продолжувањето е оправдано затоа што мерките што важат истекуваат на 22 мај.

Унгарскиот Парламент уште еднаш ја продолжи вонредната состојба, што и дозволува на Владата да донесува извршни декрети и да го заобиколи Парламентот при донесување мерки со цел сузбивање на коронавирусот.

Парламентот во Будимпешта вчера гласаше за продолжување на вонредната состојба до есен.

Ова обезбедува рамка што и овозможува на владата да донесува одлуки што вообичаено треба да бидат одобрени од законодавниот дом.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека продолжувањето е оправдано затоа што мерките што важат истекуваат на 22 мај.

Опозицијата ја обвинува владата за злоупотреба на вонредната состојба за да носи одлуки кои немаат никаква врска со борбата против Ковид-19.

Унгарија првпат прогласи вонредна состојба на 15 дена на почетокот на ноември и од тогаш двапати ја продолжи.

Критичарите го обвинуваат Орбан за злоупотреба на овластувањата што му се дадени со вонредната состојба за поттикнување на корупција и укинување на автономијата на универзитетите.

Стапката на зараза со Ковид-19 во Унгарија опаѓа, но инциденцата – процентот на заразени на 100.000 жители во последните две недели – неодамна беше меѓу највисоките во ЕУ, со 193,66 случаи.

Досега се вакцинирани околу 5,7 милиони Унгарци од вкупно 10 милиони жители, од кои 2,7 милиони добиле и втора доза.

Унгарија има висока стапка на вакцинација, а во недостиг на други вакцини ја набави руската вакцина Спутник В и кинеската Синофарм, која сè уште не е одобрена од регулаторот на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот