ДКСК се прогласи за ненадлежна по пријавата на инспекторот Илиевски

Државната комисија за спречување на корупција се прогласи за ненадлежна, па ја отфрли пријавата на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски. ДКСК велат дека немаат надлежност во делот за наводното незаконско унапредување на тројцата државни функционери Сафет Емрули, Арбер Адеми и Агим Нухиу.

По жалбата на Илиевски за деградирање на работното место, и комисијата за Агенцијата на администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници исто така се прогласи за ненадлежна.

Според пишувањата во некои медиуми, ДКСК утврдиле дека има судир на интереси при вршењето на вондредниот испекциски надзор, но ќе отворат нова постапка и ќе проверуваат дали има судир на интереси по однос на одредени одредби во Законот за високо образование.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот