Охрид чаршија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Хотелите и зградите изградени на диво во Охрид под лупа: Обвинителството отвори предмет по извештајот на Ревизија

Јавното обвинителство отвори предмет врз основа на извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој се констатирани сериозни неправилности, меѓу кои и нелегална изградба на хотели и на згради, недонесени урбанистички планови и пропусти во финансиското работење.

Од Јавното обвинителство информираат дека ревизорскиот извештај, доставен на 19 декември 2025 година, е препратен до Основното јавно обвинителство во Охрид, каде што е формиран предмет и веќе се спроведуваат проверки.

Ревизијата покажала дека Општина Охрид нема усвоено урбанистички планови за 20 населени места, а во дел од нив биле реализирани градежни активности за индивидуално домување и за хотелски комплекс без платен надомест за уредување на градежното земјиште и без соодветни дозволи за градба.

Во Липково не се знае кој пие, а кој плаќа – даноци не се наплаќаат, улици се градат без дозвола, водоводот не функционира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот