Дивеење во паркот „Македонија“ – откорнати клупи расфрлани во зеленилото

Изминатата ноќ во паркот „Македонија“, лоциран покрај булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, се случило вистинско дивеење врз урбаната опрема – каде буквално клупите биле откорнати од своето лежиште и оставени превртени во зеленилото.

Од ЈП „паркови и зеленило“ остро го осудуваат вандализмот што се случил во паркот.

Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк „Македонија“, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот. За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сè почеста појава во градот. Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители – велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот