Дисингер: Ќе биде тешко, имаме само три натпревари во три месеци, додека Киелце е во полн натпреварувачки ритам

epa08748950 Vardar's Christian Dissinger celebrates during the men's handball EHF Champions League Group Phase match between HC Vardar 1961 and SG Flensburg-Handewitt in Skopje, Republic of North Macedonia, 15 October 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер вели дека отсуството на натпревари е голем хендикеп за македонскиот тим пред утрешната пресметка со Киелце во Лигата на шампионите.

Полскиот тим е лидер во групата А со девет бодови од шест натпревари, додека „црвено-црните“ имаат четири бода но од само три средби.

Сезонава е навистина неизвесна, тешка за нас бидејќи немаме доволно тренинзи, натпревари, не знаеме каде сме во моментов. Ќе биде тешко за нас бидејќи не играме многу натпревари, не играме во СЕХА лигата, не играме во домашното првенство и искрено не можам да очекувам премногу. Одигравме само три натпревари во три месеци. Ние сакаме да победиме, играме да победуваме, но сигурно нема да биде лесно. Килеце има одиграно шест натпревари во ЛШ, играат во полското првенство, тие се половина од сезоната, додека ние се обидуваме да ја започнеме сезоната. Киелце е лидер во нашата група, а ние мора да победиме. Идниот натпревар во ЛШ повторно ќе го играме против нив и би било добро доколку во Полска заминеме со победа – вели Дисингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот