„Директна линија“: Путин денес одговара на прашањата на граѓаните

Profimedia
Владимир Путин / Фото: Profimedia

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе одговори на прашањата на руските граѓани во традиционалната телевизиска програма „Директна линија“.

Руските граѓани му поставија вкупно 659.411 прашања на Путин за традиционалната телевизиска програма „Директна линија“, објави телевизијата „Русија 24“.

Центарот за повици прими 365.809 повици со прашања до рускиот претседател, беа поставени 157.222 прашања преку текстуални или мултимедијални пораки, 63.701 на веб-страницата Директни линии, 48.546 преку мобилната апликација Москва-Путин, а 24.133 барања беа испратени преку социјалните медиуми.

Повеќето прашања беа испратени од Краснодар, Новосибирск и Дагестан, а најпопуларна тема беше вакцинацијата против ковид.

Програмата „Директна линија“ ќе се емитува од 11 часот. Прес-службата на рускиот Кремљ претходно објави дека секој може да постави прашање преку мобилната апликација „Москва-Путин“, што овозможува видео-врска со студиото за време на програмата, како и преку веб-страницата moskva-putinu.ru.

Во 2019 година, рускиот лидер помина четири часа и осум минути одговарајќи на 81 прашање и барање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот