Дино Мерлин воодушеви со својот гест кон една сараевчанка: Оставете, сè е во ред

Фото: Insatgram/ dinomerlin

Познатиот пејач Дино Мерлин (61) овој викенд ги воодушеви своите обожаватели со хуманиот гест кон една жена од Сараево, пишува порталот „072инфо“.

Имено, новинарите од порталот биле сведоци дека пејачот во една локална аптека ја платил сметката за лековите на непозната жена.

„Не ѝ наплатувај, јас ќе платам“, рекол Дино.

Жената се изненадила и му рекла на пејачот дека се работи за многу скап лек, но на Мерлин тоа не му пречело.

„Сè е во ред, јас ќе платам“, додал пејачот.

Неговиот гест ги воодушеви обожавателите, а Дино со овој потег, како што многумина мислат, покажа дека славата не го променила. Пејачот не сака да ја истакнува својата хумана страна, но вестите за неговите хумани и дарежливи потфати често стигнуваат до јавноста.

Избришана петицијата за влез на Дино Мерлин во Србија, објавено и официјално соопштение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот