Динамо Загреб и Ристовски против грчкиот АЕК за плеј-оф во Лигата на шампионите

фото: Pixsell/facebook.com/dinamo/

Денеска и во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите Динамо Загреб триумфираше против Астана од Казахстан на гостински терен со 2:0.

На првиот меч хрватскиот првак триумфираше со 4:0 и со вкупни 6:0 се пласираше во следната фаза каде ги чека грчкиот клуб АЕК Атина.

Целиот меч денеска за „модрите“ го одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, а на спротивната страна Алекса Амановиќ беше стартер, но беше заменет во 41 минута.

Во 24 минута гостите стекнаа водство по автоголот на Марочкин, а во 89 минута конечниот епилог го постави Марин.

Дуелите помеѓу АЕК Атина и Динамо влез во плеј-офот на ЛШ ќе се играат на 8 и 15 август.

Астана ќе продолжи да игра во третото квалификациско коло на Лига Европа каде ќе игра против бугарскиот Лудогорец Разград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот