Динамо Загреб го отпушти стручниот штаб бидејќи не сака намалување на платите

EPA-EFE

Од „метлата“ засега се спаси тренерот Ненад Бјелица, кој е и најплатен во редовите на хрватскиот шампион со 1.5 милиони евра годишна плата.

Управата на Динамо Загреб за која настапува и македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, се одлучи на радикален потег, го отпушти стручниот штаб, а засега од „мелта“ се спаси само главниот тренер Ненад Бјелица.

Денеска отказ добија Рене Помс, Нино Буле, Силвио Чавлина, Мартин Мајер, Карло Реинхолц и Јасмин Османовиќ бидејќи не сакаа да ја прифатат одлуката на управата за намалување на платата.

Хрватскиот тим вчера донесе одлука на сите играчи да им бидат намалени платите за 30 проценти, а на ова се согласија сите луѓе луѓе во администрацијата како и играчите и тренерите од Б-тимот.

Фудбалерите на првиот тим чиј капитен е токму Адеми, ја одбија оваа одлука иако се најплатени во Хрватска. Според хрватските медиуми,платата на тренерот Бјелица изнесува 1.5 милиони евра, најдоброплатен фудбалер е Марио Гавраниќ со 800.000 евра, додека Адеми заработува 600.000 евра.

Поради нивното одбивање да им се намалат платите во време кога поради коронавирусот не се игра фудбал, наиде на осуда од хрватската јавност, но играчите добија поддршка од навивачите „Бед блу бојси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот