Димковски: Увезениот тутун воопшто не влијае врз цената на домашниот

Досега е планирано да се откупат 26.500.000 илјади килограми тутун, вели Димовски. Досега се откупени 25.500.000.

Продолжува говорот на нетолеранција и несфаќање на функцијата министер во техничката влада. Не е изоставено и министерството за земјоделие. Предмет на преписките на министерот Трајан Димковски и заменикот Цветан Трипуновски е откупот на тутунот, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори министерот за земјоделство Трајан Димковски.

-Се направи фама дека тутунот кој што се увезува кај нас го ремети пазарот и влијае на цената на домашниот тутун. Жалосно и трагично е што еден човек кој што две години беше директор на пазарниот инспекторат да излезе со такви манипулации и обвинувања. Кај нас има и фирми кои што имаат затворено подружици во Бугарија и увозот кој што е направен е направен со цел да се преработи и извезе надвор. Значи таквиот тутун воопшто не ја ремети домашната цена. Тоа е еден процес, еден глобален производ, а нашиот тутун се појавува на еден светски пазар и тоа е еден бизнис кој што самите фирми (мора да го блендуват, да го мешааат со повеќе видови на тутун) одат кон крајната цел – да го продадат на пазарот- вели министерот Димовски.

Досега е планирано да се откупат 26.500.000 илјади килограми тутун, вели Димовски. Досега се откупени 25.500.000.

-Според проценките нема повеќе од 1.000.000 останато на терен. Очекуваме до вторник, среда да заврши вкупниот откуп. Замениот Трипуновски се води од партиско-политички мотиви, во момент кога ние имаме над 93% откупен тутун, по една просечна цена од 221,5 денари. Станува за една висока откупна цена во споредба со минатите години- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Трајан Димковски министер за земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот