Димитријевиќ во Топ 3 најдобри стрелци на мечот против Реал Мадрид

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ се сели во рускиот Уникс Казан/Фото: instagram.com/nenodimitrijevic

Денеска во рамките од петтото коло во најсилната шпанска лига составот на Валенсија загуби од Реал Мадрид со 79:93.

Во одредени периоди од првото полувреме екипата на Пенароја имаше позитива, држеше егал и во третата четвртина, но во последната гостите беа поминантни и завршните 10 минути ги добија во своја корист со 19:29 што беше и клучно за ваквиот убедлив триумф.

Нов настап имаше македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој беше трет стрелец кај домаќините со 12 поени, додаде и четири асистенции.

Поефикасни од него беа Исланѓанецот Хермансон со 20 поени и интернационалецот од Куба, Риверо со 15. За „кралевите“ доминираше Фернандез со 12 поени.

Ова е веќе трет пораз за Валенсија во пет одиграни мечеви, моментно има четири бодови на 10 позиција, шест помалку од водечкиот Реал Мадрид кој не знае за пораз.

– Магдевски продолжува со одличните игри во Романија

По „трипл-дабл“ ефектот кој го имаше во изминатото коло од шампионатот на Романија, вечерва, репрезентативниот бек Андреј Магдевски одигра нова солидна партија во убедливата гостинска победа над Мијеркуреја Чук (89:63).

Магдевски одигра нецели 22 минути на овој меч. Постигна осум поени, надополнети со четири скока и три асистенции. Доволно за трета победа во серија, и делба на првата позиција заедно со екипата на Питешти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот